Индија, Швајцарија, Бугарија и Словенија – нови пазари за македонските градежници
Како што денеска објави Државниот завод за статистика, во првите три месеци од годинава градежните компании договориле работа во странство во вкупна вредност од 4.835.382.000 денари.
Од ДЗС соопштуваат дека во периодот јануари-март годинава македонската градежна оператива во странство извршила градежни работи во вкупна вредност од 192.839.000 денари, што е за 248,7 проценти повеќе во споредба со овој период лани.
Во првиот квартал се бележи зголемен обем на извршените градежни работи во Италија и Германија, додека на другите пазари е активноста има намален обем. Како нови пазари се јавуваат Индија, Швајцарија, Бугарија и Словенија.
Слично
