Економија, финансии, бизнис

Контакт

Индија пронајде нов пазар за своето оружје: Договорoт вреди 630 милиони долари

Индија пронајде нов пазар за своето оружје: Договорoт вреди 630 милиони долари

Индија ќе ја снабдува Индонезија со суперсонични крстосувачки ракети „БрахМос“ и ракети „воздух-воздух“ „Астра“, изјави претставник на индиската влада за време на посетата на индискиот премиер Нарендра Моди на Џакарта.

Индиски извори претходно изјавија за Ројтерс дека договорот, вреден околу 630 милиони долари, треба да биде потпишан за време на посетата на Моди.

Индонезија ќе биде третата земја што ќе потпише договор за купување ракети произведени од BrahMos Aerospace Private Limited.

Овој договор ќе претставува значително проширување на извозот на оружје на Индија и дополнително ќе ги зајакне стратешките врски со најголемата економија во Југоисточна Азија, во време кога конкуренцијата меѓу Индија и Кина за влијание во Индо-пацифичкиот регион расте.

Ракетите „Брамос“, заеднички развиени од Индија и Русија, се меѓу најбрзите крстосувачки ракети во светот и можат да бидат лансирани од копнени, морски и воздушни платформи.

Ракетите воздух-воздух со долг дострел „Астра“ можат да се интегрираат во ловци „Сухој“ од руско производство што ги користат индонезиските воздухопловни сили.

Уште во март, Индонезија објави дека постигнала договор со Индија за набавка на ракетниот систем „Брамос“, кој е во заедничка сопственост на владите на Индија и Русија.

Потоа, Министерството за одбрана на Индонезија за Ројтерс изјави дека работата е во напредна фаза и дека нејзината вредност би можела да биде помеѓу 200 и 350 милиони долари.

Индија веќе потпиша договори за продажба на ракети „БрахМос“ на Виетнам и Филипините, а повеќе од шест други земји, вклучувајќи ги и Обединетите Арапски Емирати, изразија интерес.

foto Facebook/Narendra Modi

Слично

Поврзани вести