Индија подготвена да ги признае сите Роми во светот?
Индиската влада е подготвена да ги признае Ромите за дел од индиската дијаспора.
Доколку тоа се случи, над 20 милиони Роми кои во моментов живеат во 30 различни држави ќе можат да се наречат себе си Индијци. Дијаспора е термин кој означува дека етничката заедница живее трајно време надвор од историската татковина. Оваа информација произлезе од Владата на Индија.
„Вие сте синови на Индија, кои сте мигрирале и живееле во тешки услови во туѓи краишта во текот на многу векови, но и покрај тоа сте го одржувале вашиот индиска идентитет"- објасни министерот за надворешни работи на Индија, Сушма Сварадж, пренесува агенцијата „Фокус".
Со овој чекор Индија сите Роми практично ќе ги признае за потомци и сонародници на Индијците.
Слично
