Економија, финансии, бизнис

Контакт

Индија ќе сноси последици: САД ќе им воведат дополнителни царини затоа што купуваат руска нафта

Индија ќе сноси последици: САД ќе им воведат дополнителни царини затоа што купуваат руска нафта

САД ќе воведат значителни царини за Индија поради купување руска нафтa. 

Aмериканскиот претседател Доналд Трамп напиша дека „Индија не само што купува огромни количини руска нафта, туку и продава голем дел од нафтата што ја купува на отворениот пазар за да оствари голем профит“.

Според американскиот претседател, во Њу Делхи „нив не им е грижа колку луѓе во Украина се убиени од руската воена машинерија“.

„Затоа, значително ќе ги зголемам царините за Индија“, рече Трамп.

Минатата недела, претседателот Трамп изјави дека ќе воведе царина од 25 проценти за стоки увезени од Индија. Но, два извора во индиската влада изјавија за британски медиуми дека Индија ќе продолжи да купува нафта од Русија и покрај заканите на Трамп.

Трамп на рускиот претседател Владимир Путин му даде рок до 8 август да ги прекине воените дејствија во Украина. Ако тоа не се случи, САД ќе воведе нови санкции за Русија. 
foto freepik.com

Слично

Поврзани вести