Индиец во еден ден од српска банка во Швајцарија префрлил 17,2 милиони евра
Член на надзорниот одбор „Викторија група“, Индиецот Нанди Ахуи, во август минатата година во еден ден подигнал, дури 17,2 милиони евра и од српска банка ги префрлил на сметка во Швајцарија.
Трансакцијата на овој бизнимсен предизвикала слабеење на српскиот динар, но како што пренесува венсикот „Политика“ тоа префрлување на пари од сметка на српска банка на сметка на швајцарска, српските органи немале никаква основа да го запрат.
Управата за спречување на перење пари е овластена да го контролира потеклото на уплата на износ поголем од 10 000 евра, но имајќи предвид дека спомнатиот индиски бизнисмен работел за американската инвестициона банка Мерил Линч, се претпоставува дека таму остварил големи приходи, што може да биде причината зошто српските официјални органи не го доведувале во прашање потеклото на неговите пари.
Случајот на српскиот тајкун, кој во Швајцарската бизнис единица на британската ХСБЦ банка, се обидел да испере 20 милиони евра, не може да се поврзува со гореспомнатиот Индиец, бидејќи во текот на истражувањето за кој српски тајкун се работи, овој весник открил необично висока трансакција.
Меѓутоа, после објавата на меѓународното здружение на новинари истражувачи во соработка со Центарот за јавен интегритет на САД, дека повеќе од 106 000 клиенти од 203 земји во период од 2005 до 2007 година затаиле околу 120 милијарди долари на сметка на оваа швајцарска банка, српската јавност станала љубопитна кој е тајкунот кој таму префрлил толку пари во „кеш“.
Експерти од оваа област истакнуваат дека е мала веројатноста дека тоа го направил некој од Србија од просто физички причини, бидејќи толкава количина на пари во кеш не би можеле да бидат пренесени одеднаш, а уште помалку би можело да ги пренесе само еден човек без ничија помош.
Како друг аргумент наведуваат дека во сериозните банки, едноставно не е возможно да се стават толкава количина на пари и да се пуштат во еден легален канал.
Марко Маринковиќ, директор на Даночната управа, за Бета изјавил дека Србија од швајцарските власти ќе побара информација за сметката на нивните државјани кои имаат пари во швајцарскиот огранок на оваа британска банка. Тој додава дека, доколку им биде познат, идентитетот на споменатото лице ќе остане во тајност.
Слично
