Економија, финансии, бизнис

Контакт

Индиецот Рој пееше во Охрид, пее и во Индија

Индиецот Рој пееше во Охрид, пее и во Индија
Со песна, Индиецот Субрата Рој го велича работењето на својата компанија „Сахара Груп“. Песната е испеана пред две години. Деновиве Рој се најде повторно во центарот на индиската јавност, откако неговите директори се соочија со закана за привремено одземање на индиските пасоши, за да бидат достапни за судот. Фирмите на Рој во Индија должат вкупно 4, 4 милијарди евра од кои една петтина е платена, а сметките им се замрзнати веќе со месеци. Сепак, контроверзниот, симпатичен бизнисмен од истокот, и при посетата на Македонија не покажа особена загриженост за случувањата во Индија, со обвразложение дека станува збор за политички работи, и дека смета оти работите ќе си дојдат на свое место. http://www.youtube.com/watch?v=nXmqKNffD_g Инаку, Рој во Македонија најави изградба на грандиозен туристички комплекс во Охрид, Љубаништа, и влез во комбинатот Џумајлија, каде планира обнова на млекопроизводството со 20 000 нови крави. Плановите на Рој во Македонија се големи, а опозицијата, пак обвини дека ништо од тоа нема да се реализира и дека станува збор само за спин на власта.
Слично

Поврзани вести