Економија, финансии, бизнис

Контакт

Индекси на прометот во секторот Трговија

Индекси на прометот во секторот Трговија

Во трговијата на мало, во октомври 2012 година во споредба со октомври 2011 година, гледано по групи и класи, во групата Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво, е забележан реален пораст од 1.9 отсто, а во групата Трговија на мало со храна, пијалоци и тутун е забележано реално намалување од 1.8 отсто.

Како што соопшти Државниот завод за статистика, во трговијата на мало, во октомври 2012 година во споредба со октомври 2011 година, во групите: Трговија на мало, освен трговија со горива и Трговија на мало со автомобилски горива е забележано реално намалување на прометот.

Слично

Поврзани вести