Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИНДЕКС НА ПРОСПЕРИТЕТ: Најдобро рангирани за здравство, најлошо за социјална состојба

ИНДЕКС НА ПРОСПЕРИТЕТ: Најдобро рангирани за здравство, најлошо за социјална состојба
За 10 места напреднала Македонија според индексот за просперитет што го мери британскиот Легатум Институт. Од вкупно 142 рангирани земји во светот, Македонија годинава се најде на 69-тото место, што е подобрување за 10 позиции во однос на лани. Индексот на просперитет се пресметува врз основа на осум категории: економија, образование, претприемништво и можности, управување, здравје, лична слобода и безбедност и социјална состојба. Од сите овие категории, земјава е рангирана највисоко во сегментот „здравство“, каде што се најде на 52-та позиција, а најниско за категоријата „социјална состојба“ - на 82-то место. Според овој индекс, најпросперитетна држава во светот е Норвешка, а по неа следат Швајцарија, Нов Зеланд, Данска, Канада, Шведска, Австралија, Финска, Холандија и САД. На дното на листата, пак, се Демократска Република Конго, Чад и Централноафриканската Република. На Балканот, како најпросперитетна држава е оценета Словенија - на 24-тата позиција. Бугарија, Хрватска и Црна Гора се подобро рангирани од Македонија, додека Србија, Албанија и Босна и Херцеговина имаат полоша позиција.
Слично

Поврзани вести