Индекс: Меркур, Конзум и Лидл продавале канцерогено млеко
Санитарната инспекција на Министерството за здравство на Хрватска пронајде зголемена концентрација на афлатоксин во уште четири видови млеко кои ги продаваат маркетите на Меркур, Конзум и Лидл, пренесе порталот „Index.hr“.
Според порталот, неисправното млеко е повлечено од продажба откако Министерството за здравство спровело анализа на 12 примероци млеко во трите малопродажни маркети која покажала 0дека кај четири примероци нивото на афлатоксин ја минува законски дозволената граница. „Спорната состојка е пронајдена кај трајното млеко на „Дукат“ со 3,8 отсто млечни масти и во млекото на „Меркатор“ со 2,8 отсто млечни масти, што се произведува во Тузла“, пишува Индекс.Афлатоксин е пронајден и во трајното млеко на „Лидл“ со 2,8 отсто млечни масти, исто така, произведено во БиХ, и во млекото „Меги“ со 2,8 отсто млечни масти, во кои е пронајдена до сега најголемата концентрација на афлатоксин од дури 0,3 микрограма, наведува хрватскиот портал.
Слично
