Економија, финансии, бизнис

Контакт

Инцидентот во Лисиче заврши со масовна тепачка – ќе има и пријави

Инцидентот во Лисиче заврши со масовна тепачка – ќе има и пријави
Инцидентот во кој вербално беше нападнат претседателскиот кандидат на СДСМ Стево Пендаровски во Лисиче завршил со масовна тепачка. Откако завршила средбата на Пендаровски со жителите на Лисиче, приврзаниците на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ продолжиле меѓусебно да се навредуваат, а на крај и физички се пресметале. „Министерството за внатрешни работи го расчисти нарушувањето на јавниот ред и мир кое се случи со тепачка на ул.Ѓорѓи Капчев, помеѓу З.Л.(1996), К.Л.(1985), С.Л.(1959) и А.Л.(1998) од ул.Ѓ.Капчев (членови на СДСМ), од една страна, и И.И.(1998) и неговиот татко Б.И.од истата улица (членови на ВМРО-ДПМНЕ)“, информира полицијата. Шестте лица ќе добијат соодветни пријави.
Слично

Поврзани вести