Инциденти во воздух: Грција му упати демарш на турскиот амбасадор
Грчкото министерство за надворешни работи денеска му упати демарш на турскиот амбасадор во Атина наведувајќи дека турски борбени авиони се почесто го нарушуваат грчкиот воздушен простор.
Овој пат конкретна причина за демаршот било „пречењето“ на хеликоптерот со кој летал грчкиот премиер Алексис Ципрас на островот Агатониси во Егејското море, каде присуствувал на обележување годишнина од бунтот против османското владеење во 1821 година, пренесе Катимерини.
Инцидентот се случил само неколку дена откако грчкиот и турскиот министер за надворешни работи Јоргос Катругалос и Мевлут Чавушоглу се согласиле делегациите на Грција и Турција да се состанат како би разговарале за мерките за изградба на доверба заснована на договорот кој во 1988 година го потпишаа тогашниот гчки премиер Каролос Папулјас и неговиот колега Месут Илмаз.
На 25 март, денот на независноста во Грција, турските авиони 47 пати во источен Егеј го нарушиле националниот воздушен простор а претставници во Атина тврдат дека со активностите на Турција на Егејот се крши договорот од 1988 година, кои, цитираат, предвидуваат двете земји да се воздржат од воени активности и да избегнуваат воени вежби во текот на туристичката сезона , како и национални и верски празници.
Грчки претставници гледаат нарушување на воздушниот простор како демонстрација на агресивен став на Турција, како и кампања која ја води Ердоган во пресрет на локалните избори во Турција кои се одржуваат во недела.
