ИНЦИДЕНТИ: Црвен тепих и извалкани билборди го пречекуваат Рама во Прешево
Автопатот од Ниш кон македонската граница претпладнево е привремено затворен заради посетата на албанскиот премиер Еди Рама во Прешево. Возилата се пренасочуваат по алтернативни патишта.
Имено делегацијата на Рама, со автобус и автомобили од Белград се упати кон Прешево утрово. По патот и во Прешево има засилени мерки за обезбедување на албанскиот премиер.
Непосредно пред пристигнувањето на Рама во Прешево непознат сторител ги измачкал со црна боја билбордите со негова слика на кои пишува „Добредојде, премиеру!“.
Според информациите на српските медиуми, млад човек фрлил ќеса со боја врз билбордот со ликот на Рама, по што веднаш побегнал. Полицијата тргнала во потрага по него.
Рама треба да се обрати во Домот на културата во Прешево, каде веќе го очекува црвен тепих и околу 1.000 граѓани за да го поздрават. Меѓу насобраните има и деца со албански знамиња.
При посетата на Прешево, албанскиот премиер е предвидено да се сретне со политички претставници на Албанците во јужна Србија. Од страна на општина Прешево на Рама ќе му биде врачено и признание почесен граѓанин.
Слично
