Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИНЦИДЕНТ ВО ПАНЧЕВО: Срби истепале Хрвати, Хрватска упати протестна нота

ИНЦИДЕНТ ВО ПАНЧЕВО: Срби истепале Хрвати, Хрватска упати протестна нота

Во српскиот град Панчево се нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле. Инцидентот се случил на 13 -ти месецов. 

„Имало неиспровоциран тежок физички напад врз четворица хрватски државјани, како и врз двајца Срби кои застанале во нивна одбрана“, информира Министерството за надворешни и европски работи на Република Хрватска.

Од хрватското Министерството велат дека овој чин  бил јасно национално и етнички мотивиран.

„МВЕП очекува итна и јасна јавна осуда на овој напад од страна на официјалните лица на Република Србија, бара итно доставување на сите релевантни информации поврзани со дејствијата на полицијата и правосудните органи на Република Србија во конкретниот случај и очекува соодветна казна на сторителите“, се наведува во соопштението на МВЕП.

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска го осуди физичкиот напад врз четворица хрватски државјани во Панчево минатиот викенд и додаде дека надлежните органи ќе направат сè за да ги гонат одговорните за тој инцидент.

„Тоа е недозволиво, никаде не смее да се случи такво нешто, ниту кај нас, ниту во регионот“, рече Вучиќ на отворањето на Бизнис саемот во Мостар.

Министерството за надворешни и европски работи на Хрватска претходно испрати протестна нота до Србија во врска со физичкиот напад. 

Слично

Поврзани вести