Инцидент во Карпош: Со палки сакале да го тепаат градоначалникот Јакимовски!
Маскирани лица со дрвени палки се обиделе да се пресметаат претпладнево со градоначалникот на Карпош Стевчо Јакимовски. За да стигнат до неговата канцеларија најпрвин ги спречило општинското обезбедување, а потоа и полицијата.
Двајцата напаѓачи го скршиле стаклото на влезната врата во општината, а внатре ѕидовите и една уметничка слика и исшарале со спреј. Кога дошла полицијата, веднаш ги привела.
Нема детали за мотивите за овој инцидент, иако полицијата објави дека напаѓачите ги идентификувала како активисти на СДСМ. Против двајцата ќе бидат поднесени пријави.
Слично
