Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИНЦИДЕНТ: Со чекан удрил таксист, па се обидел да избега

ИНЦИДЕНТ: Со чекан удрил таксист, па се обидел да избега

Српски туристи по расправија која најверојатно настанала за паркинг-место со такси-возач од Грција, зел чекан и го нападнал.

Инцидентот се случил во грчко одморалиште во Кавала, а српскиот државјанин, кој најверојатно бил на одмор во Грција, се обидел да избега.

Србинот заедно со своето семејство, се обидел автомобилот да го паркира во близина на такси-станица, по што добил предупредување од таксист дека местото е наменето само за такси-возила и дека тој не може да го паркира својот автомобил таму.

Потоа Србинот, влегол во својот автомобил и се препаркирал во близина, по што отишол во блиската продавница за алати, каде што го купил чеканот. Набргу се вратил кај таксистот и со чеканот што го купил, го удрил такси-возачот по рацете, а потоа го извлекол од автомобилот, наведуваат медиумите кај јужниот сосед. 

Откако сфатил што направил, се обидел да избега, но не успеал затоа што другите такси-возачи, кои за време на инцидентот се нашле на местото, успеале да го задржат додека не пристигне полицијата. Полицијата го уапсила и работи на расчистување на случајот.

Слично

Поврзани вести