ИНЦИДЕНТ: Новинарка истури фекалии пред Влада
Хрватската новинарка, Ива Анзуловиќ денеска истури кофа полна со фекалии пред хрватската Влада во Загреб.
„Вечерњи лист“ пишува дека ова е втор пат новинарката да го направи истото, а причината е несериозноста во борбата против корупцијата во Хрватска.
„Ќе ги поливам со измет сите за кои аргументирано, според новинарски текстови, се знае дека се криминалци. Од денеска ниту еден докажан криминалец нема да се чувствува безбедно било каде во јавноста, и ниту една институција нема да знае кога ќе ја гаѓам со фекалии“- напиша Анзуловиќ на нејзината Фејсбук страница.
На протестот новинарката носела маица со ликот на новинарот Синиша Главашевиќ, убиен за време на српската опсада на Вуковар.
фото Вечерњи лист
Слично
