ИНЦИДЕНТ НА КОСОВО: Испишал графити „УЧК“, па упаднал во градинка
Човек напишал графити на амбулантата во српското село Добротин кај Липљан во Косово, славејќи ја терористичката организација „УЧК“, а потоа упаднал во блиската градинка каде што имало деца и викал, навредувал и провоцирал, но наставниците мирно го отстраниле од дворот на градинката, објави Канцеларијата за КиМ, објави Косово онлајн.
„Овој срамен инцидент доаѓа само еден ден откако главниот обвинител во Хаг побара 45 години затвор за четворицата водачи на терористичката организација позната како УЧК, што многу зборува за тежината на злосторството за кое се товарат и дека оваа криминална идеологија е сè уште жива во Косово и Метохија“, се вели во соопштението на Канцеларијата за Косово и Метохија.
Дека ова не е изолиран инцидент, се додава, покажува и фактот дека истиот графит беше испишан на знамињата во Добротин пред неколку месеци, што е уште еден во низата закани и „дел од осмислена кампања што повикува на насилство и прогон на Србите од нивните домови“.
Претставници на локалната самоуправа ја посетија градинката и амбулантата за да разговараат со мештаните и да видат како можат да ја надоместат штетата.
фото принтскрин