Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИНЦИДЕНТ НА ИЗБОРИТЕ НА АЛБАНИЈА: Маж со калашников влегол во избирачко место

ИНЦИДЕНТ НА ИЗБОРИТЕ НА АЛБАНИЈА: Маж со калашников влегол во избирачко место

Маж со калашников влегов во избирачко место во Драч, сакал да го спречи гласањето.

Напаѓачот е приведен во полиција откако со калашникот влегол во избирачкото место и се заканувал на членовите на комисијата, исто така тој искршил и гласачки кутии.

Р. Б. по упадот бил уапсен од полицијата.

Денес во Албанија се одржуваат локални избори, се избираат нови градоначалници во 61 општина. Според ОБСЕ/ОДИХР во дури 31 општини кандидатите на владеачката Социјалистичка партија немаат противници.


Опозицијата, предводена од Демократската партија ги бојкотира изборите.


Видео Albeu.com.


Слично

Поврзани вести