Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИНЦИДЕНТ: Членови на ДУИ расчистувале недоразбирања со тупаници и пиштоли!

ИНЦИДЕНТ: Членови на ДУИ расчистувале недоразбирања со тупаници и пиштоли!
Петмина членови на ДУИ се повредени, од кои еден потешко, во инцидентот кој се случил синоќа на партиски состанок во просториите на партијата во Сарај. Инцидентот се случил откако вербалнаа расправија меѓу членовите на партијата завршила со престрелка. Неофицијално, медиумите јавуваат дека се работи за пресметка на приврзаници на Рафиз Алити и Блерим Беџети, поранешниот министер за правда. Меѓу повредените се Јонуз Јакупи, прогесионален војник во АРМ и неговиот брат Зејди Јакупи - Дади, пишуваат медиумите на албански јазик. Од ДУИ нема официјална потврда за инцидентот. Нема информации какви недоразбирања нивните членови расчистуваат со пиштоли. Според медиумите на албански јазик, во Сарај и натаму ќе биде тензично бидејќи нетрпеливоста меѓу групите е огромна, па се стравува дека би можело да дојде и до потешки инциденти.
Слично

Поврзани вести