Економија, финансии, бизнис

Контакт

Инаугурација на Иванов – ќе ја бојкотира и ДУИ

Инаугурација на Иванов – ќе ја бојкотира и ДУИ
Шефот на државата Ѓорге Иванов точно напладне треба да положи заклетва пред Собранието, со што и официјално ќе започне да тече неговиот нов петгодишен мандат. Веќе е извесно дека заради неприфаќањето на пратеничките мандати и на изборните резултати на инаугурацијата нема да присуствува опозицијата предводена од СДСМ. Но, свечениот чин ќе го бојкотираат и пратениците на ДУИ кои на изборите водеа кампања за консензуален претседателски кандидат и ги повикаа своите гласачи да не му даваат подддршка на Иванов. Од Кабинетот на Иванов вчера најавија дека на инаугурацијата на Иванов ќе присуствуваат граѓани, кои потоа ќе бидат примени од шефот на државата во Вилата Водно. Нема најава дали на чинот ќе присуствуваат странски државници, како што е вообичаено во вакви прилики. Иванов беше избран за претседател на изборите во два круга што се одржаа на 13 и 27 април. Во вториот круг тој го победи својот противкандидат од СДСМ Стево Пендаровски.
Слично

Поврзани вести