Ина е ограбена за многу повеќе отколку што се мислеше, голема сума имало на сметката на таткото на шефот
Се појавуваат многу информации за акцијата на УСКОК и полицијата која резултираше со апсење на лица за злоупотреби и перење пари, и трговија со гас.
Од пет уапсени блокирани се 800 милиони куни, а штетата која ја направиле на Ина се проценува на многу повеќе од тоа, дознава Индекс од извори од истрагата.
На уапсените им се блокирани сомнителни пари на сметка и удели во инвестициските фондови.
Во акцијата на мета беа директорот на Ина, Дамир Шкугор, претседателот на ХОК, Јосип Шурјак, неговиот деловен партнер Горан Хусиќ, со која се косопственици на фирмата Управљање, таткото на Шкугор и претседателката на управата на Плинара источна Славонија, Марија Раткиќ.
По апсењата во Загреб, Шибеник, Винковци и на Хвар, истражителите направија претреси во домовите и во деловните простории за да соберат докази.
Денеска уапсените ќе бидат изведени пред суд и за нив се бара затвор од еден месец. Ина е оштетена за многу повеќе отколку што се мислеше. Се смета дека вкупниот износ е околу милијарда куни. Осомничените наводно го искористиле честиот раст на цената на гасот. Преку Плината источна Славонија која имала претходно договор со Ина за купување на гас по поволни цени, ОМС наводно купувала плин под пазарната цена и го продавала по стара цена на светските пазари.
На сметка на таткото на директорот се најдени околу 500 милиони куни. Така заработените пари наводно ги вложувале во недвижнини, а најголем ден завршиле кај татко му на Шкугор. Големиот износ на пари на сметка на пензионерот кој се занимава со одгледување на маслинки, ја покрена акцијата. Против лицата институциите ќе поднесат кривични пријави.
Foto: Jurica Galoic/PIXSELL
