Имунологот Петровиќ: Од ковид луѓето умираат, од вакцина никој не умрел, но внимателно со луѓето кои се лекуваат со кортикостероиди
Искусниот српски
имунолог, д-р Радмило Петровиќ, во утринската програма на ТВ Прва даде детални појаснувања за вакцината
против Ковид-19, при тоа одговарајќи
зошто треба да се прими, кој треба да биде внимателен и секако дали ќе не
заштити од новиот вид на вирус.
-Сè уште не е познато, но мислам дека вакцината ќе заштити во висок процент и од новата мутација, можеби таа заштита би била за неколку проценти пониска отколку што ќе штити од Ковид-19. Тоа зависи од антигенската структура што е во двата вируси, но најмногу дефинитивно ќе има висок процент на заштита. Затоа, треба што поскоро да се почне со вакцинацијата.
Според д-р. Перовиќ, мутацијата не е изненадување.
-Овој вирус има многу мали антигени промени откако се појави во Кина пред околу една година, па очекувавме да дојде до некои поголеми антигени промени што ќе се појават кај популацијата, и ете тоа се случи. Не е ништо ново, нема чудо. Се надеваме дека нема да биде потешко отколку што беше досега, според сите правила не треба да биде потешко отколку што е, иако некои најавуваат дека тоа може да биде следниот голем бран во рамките на оваа пандемија, поради што ќе се соочуваме со вирусот и во наредните месеци, појасни д-р. Петровиќ на ТВ Прва.
Истовремено, тој појасни говореше и за контраиндикациите кои ги дава вакцината, а кои се токму причината поради која многумина се плашат од имунизација. Во оваа наскока, имунологот ја коментираше и изјавата на д-р Вишеслав Хаџи-Тановиќ кој рече дека „не би примил генетски модифицирана вакцина“.
-Не би се согласил целосно со него. Треба да се биде внимателен, секако дека вакцината има контраиндикации, што е секако нагласено во упатствата на производителот. Треба да се внимава со луѓето кои примаат имуносупресивна терапија, кои се лекуваат со кортикостероиди. Овие вакцини не треба да им се даваат на тие луѓе, што значи дека само треба да ги почитувате контраиндикациите што ги наведуваат производителите. До сега имаше само шест случаи на сериозна алергиска реакција. Оние локални реакции, црвенило, оток, болка, кои поминуваат за два или три дена, тоа не се несакани ефекти, тоа се случува со сите вакцини , појаснува д-р. Петровиќ.
Според него, како што заклучува во разговорот на ТВ Прва, несаканите ефекти од вакцината се многу ретки.
-Голем број луѓе можат да бидат заразени со корона вирус, одреден процент може да умре, но никој не умрел од вакцината. Изборот е вакцината, констатира д-р. Петровиќ.
