Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИМУНИЗАЦИЈАТА СО ВАКЦИНАТА НА ФАЈЗЕР ВО СРБИЈА ПОЧНУВА ОД УТРЕ: Веројатно сме единствените надвор од ЕУ што успеа да ги набави, кажа Вучиќ

ИМУНИЗАЦИЈАТА СО ВАКЦИНАТА НА ФАЈЗЕР ВО СРБИЈА ПОЧНУВА ОД УТРЕ: Веројатно сме единствените надвор од ЕУ што успеа да ги набави, кажа Вучиќ

Вакцинацијата против Ковид-19 со вакцината на фармацевтскиот гигант Фајзер која ја произведе заедно со БионТек, од утре ќе започне во Србија. Таму се веќе пристигнати одреден број на дози, а претседателот на Србија, Александар Вучиќ, најави дека наскоро ќе пристигнат и нови количини.

-Овие вакцини ги набавивме билатерално, независно. Ние сме веројатно единствената земја надвор од ЕУ во овој дел на Европа што успеа да ги набави. Ќе има повеќе во февруари и март. Примероци од вакцини од други производители веќе се испратени на истражување, изјави српскиот претседател, Вучиќ.

Вели дека имунизацијата прво ќе се спроведува во домовите за стари лица, но вакцината ќе ја прими и некој од српските власти со цел да се уверат граѓаните дека таа е безбедна.

-Дали тоа ќе бидам јас, Ана Брнабиќ или Дарија Кисиќ-Тепавчевиќ, ќе видиме. Некој од нас ќе го оставиме за втората вакцината за да им покажеме на луѓето дека секоја вакцина која нашиот здравствен систем ја добива е добра, истакна тој.

Смета дека кон средината на јануари ќе може да се почне и со масовна вакцинација, а како што рече, ако до крајот на јануари Србија успее да вакцинира милион луѓе, тоа ќе биде навистина голем успех.


Слично

Поврзани вести