Импресивен раст на „Везе шари“ - како идејата ниже успеси
Сега е препознатлив и дома и во светот – работел напорно и докажал дека само така успехот е загарантиран. Сопственикот Арбен Абдурахмани ја издигна компанијата Везе Шари меѓу најпризнаените. Работел една деценија во Германија, по што приказната почнала овде – точно пред 20 години, односно во 2000 година. Тогаш Абдурахмани создал семејна компанија за одгледување од еднодневни пилиња до кокошки несилки, во својот роден крај.
Во 2002 година се донесени првите 30.000 пилиња, а денеска фармата располага со две простории за раст на еднодневни пилиња со вкупен капацитет до 60.000 пилиња и четири простории со вкупен капацитет од 120.000 кокошки. Јајцата се продаваат и во Македонија, но секако и се извезуваат во Европската Унија и во земјите членки на НАТО.
Сепак развојот не застанал – а производството се проширило и на пилешки производи па освен Везе Шари во 2006 година профункционира фабриката „Лекер“.Таа работи по сите стандарди ии има капацитет од пет тони на ден.
„Преку постојана примена на иновативни идеи и справување со отпадот, разменувајќи идеи и искуства со германскиот партнер, компанијата одлучува да инвестира во постројка за производство на биогас и електрична енергија „ЕЛЕКТРО ШАРИ“, во која отпадот не се третира како отпад, туку како обновлив извор на енергија. Капацитетот на објектот за производство на биогас и електрична енергија е 1 мегават на час и произведува 8.760.000 киловат часови годишно. Системот е надграден и со користење на топлиот издувен воздух за сушење на остатоците од преработеното ѓубре, кое се продава на европскиот пазар како ѓубриво за цвеќе, пишува за компанијата во својата најнова колумна, Бранко Азески, претседателот на Стопанската комора.
Со цел да се прошират постојните капацитети и да се обезбеди суровина за производство на производи од месо во„ Лекер“ и добиточна храна за живината во „Везе Шари“, започна изградбата на земјоделско-сточарскиот комплекс „ГОЛД ЛАНД“ во село Славеј во Прилеп, на површина од 560 хектари, кој е предвиден да прерасне во регионален центар за собирање и складирање на зрнести земјоделски култури со што ќе се овозможи пласман на производството на земјоделците од регионот.
„Клучот на нашиот успех, покрај љубовта и желбата за работа, е и поддршката од Стопанската комора на Македонија, преку која ги дефинираме можностите за вмрежување со можните соработници, а истовремено и промовирање на нашиот бренд во и надвор од земјата, а со тоа и подигнување на нивото на конкурентност на домашните компании. Ние од приватниот сектор немаме многу можности за користење на средствата од ЕУ-фондовите, но преку Комората која вложува големи напори за едуцирање на компаниите тоа полека станува возможно. Тука подразбирам размена на информации за активностите на членките со цел да се поттикнат трговијата и инвестициите, спроведување на подобри практики меѓу компаниите, соработка, промоција, економски проекти, организација на стопански форуми и учество на саеми, како и на други настани од стопанството кои се од наш интерес, вели Арбен Абдурахмани, сопственик на Групацијата„ ВЕЗЕ ШАРИ“
Компанијата има во моментот повеќе од 140 вработени, но планот на раст не запира тука.
