Економија, финансии, бизнис

Контакт

Импортерите бараат забрана за увоз на возила постари од 7 години, биле загадувачи!

Импортерите бараат забрана за увоз на возила постари од 7 години, биле загадувачи!

Групацијата на импортери на моторни возила при Сојузот на стопански комори (ССК)  апелира на  воведување на нормата Еуро 4  за половни возила во првиот квартал од 2013 година со која е предвидено да се увезуваат возила не постари од 7 години, бидејќи како што велат загадувањето на воздухот, во голема мера е резултат и на согорувањето на горивата од старите нееколошки возила.

„Значаен е фактот дека новите возила се карактеризираат со ниска емисија на јаглерод диоксид и штетни честички во воздухот, располагаат со  посебни филтри кои ги задржуваат штетните канцерогени честички и не ги пуштаат во атмосферата. Наспроти ова, во последните три години се увезоа околу 110.000 половни возила со Еуро 1 или Еуро 2 норматив кои немаат заштитни филтри и емитуваат огромна количина штетни честички во воздухот“, стои во денешното соопштение на импортерите.

Според нив, со увозот на преку 100.000 користени автомобили во последните три години е задоволен социјалниот момент на сегментот потрошувачи кои покрај тоа што не беа во можност да купат нов автомобил, успеаја да го заменат својот престар автомобил со само стар автомобил кој не одговара на еколошките стандарди.

„Мерките со кои се дозволува натамошното увезување на возила со Еуро 1 или Еуро 2 норматив стануваат контрапродуктивни бидејќи овозможуваат увоз на многу стари возила кои се големи загадувачи на животната средина“, велат од ССК.

Согласно  извештајот на  Светската банка од ноември 2012 година, загадувањето на воздухот со ситни честички ја чини економијата 253 милиони евра годишно или 3,2 отсто од БДП за 2011 година.

Во Скопје последните мерења на штетните честички на воздухот покажаа дека загадувањето е 20 пати поголемо од дозволените граници. Според европските стандарди максимално дозволената граница е 50 милиграми на кубен метар.

Од Групацијата исто така го поддржаа вчерашниот протест против загадувањето на Скопје.
Слично

Поврзани вести