Импичмент за Иванов
И покрај смисленото сценарио од власта за институционална блокада спикерот на Собранието Велјановски неможе да блокира вонредно свикување на Парламентот – тврди искусниот политичар Стојан Андов.
(Не)одгворноста во постапките на Претседателот го трансформира од самопромовиран демократ во политички монарх – оценува за Фактор професор Јетон Шасивари.
Пишува Горазд Чомовски
Одлуката за одржување на изборите на 5 ти јуни може да биде повлечена без разлика што претседателот на Собранието Трајко Велјановски го потпиша решението .
Поранешниот претседател на Собранието Стојан Андов оценува дека во една крајно хаотична и најелектризиранаж состојба енеопходно Велјановски да свика седница на Парламентот.
„Ако преовлада разумот спикерот на Собранието може да закаже седницана која би го отповикал решението за одржување на изборите. Иако Собранието е распуштено , мандатот на пратениците трае се до изборот на новиот парламентарен состав“, објаснува Андов .
Меѓународните партнери стравуваат дека поради категоричниот став на претседателот на Македонија Ѓорѓе Иванов дека не ја повлекува одлуката за помилување како и најавата од лидерот на СДСМ дека протестите ќе се интензивираат ситуацијата во земјата може да ескалира. За Вашингтон и Брисел во моментов изборите не треба да бидат приоритет, туку стабилизиацијата на состојбата на земјата .
„Ќе имаше услови за фер и слободни избори, ако денес главните актери на политичкиот процес ќе имаа јавни дебати за слободни медиуми со веќе донесени закони и за веќе прочистен и точен избирачки список, во сосема поинаква политичка атмосфера. Па, и да има избори на 5 јуни, со тоа нема да се реши ништо од политичката криза, бидејќи таа уште повеќе ќе се компликува. На Македонија не и требаат уште едни спорни и заглавени избори, што уште повеќе ќе ја усложнуваат политичката криза“, оцени во интервју за Фактор универзитетскиот професор Јетон Шасивари .
Ако навистина претседателот сам ја донел одлуката за аболиција , тогаш советниците требале да му кажат дека истата не може да биде повлечена . Професорот по уставно право Светомир Шкариќ деновиве за Фактор посочи дека од гледиште на важечките норми од Законот за помилување од 1993 година, отварање на постапката за аболиција е можна само по службена должност од страна на министерот за правда. Без содејство на министерот за правда, претседателот на Македонија не може да врши никаква аболиција .
„Според тоа, македонскиот шеф на државата оваа аболиција ја прави надвор од законските норми. По носењето на една ваква одлука, претседателот Ѓорѓе Иванов заслужува импичмент бидејќи со ставањето потпис тој го крши законот“ категорчичен е Шкариќ .
Консултирнаите велат условите во Македонија налагаат одржување на вонредната седница на Парламентот на која би се барало политичка одговорност од шефот на државата .
„ Незаконска е одлуката на Иванов . Таа не е правно издржана. Станува збор за измислена постапка. Исто така не постои ниту правна рамка за отповикување на одлуката. Нон-сенс е претседателот сега да ги поовикува сите оние кои не се согласуваат со неговата одлука за помилување писмено да го известат па доколку барањето биде издржано лицата да бидат избришани од листата . Ваков правен акт непостои . Она што е крајно закрижувачки е од каде на претседателот му се податоците за отворените кривични постапки . Тој најверојатно сторил и кривично дело повредна на тајноста на истрагата“, објаснува универзитетскиот професор по уставно право Осман Кадриу .
Според соговорниците, Иванов е „зрел“ за импичемент не само поради последната негова одлука туку и поради неколкуте други пропусти . Универзитетскиот професор Шасивари , оценува дека импичмент за Иванов е можен ако се постигне нов политички договор со посредство на меѓународната заедница.
„Аболицијата на Иванов по многу нешта, е пример како еден шеф на држава не треба да аболира. Нашиот систем на помилување и аболиција е фаличен. Иванов од церемонијална фигура во нашиот уставен систем, стана апсолутен монарх од типот на средниот век.
Аболицијата на Иванов го поткопа оптимизмот и вербата на САД и ЕУ за кредибилни избори на 5 Јуни“ .ВМРО-ДПМНЕ не е веќе монолитна политичка партија, има луѓе таму кои не се согласуваат со сево ова што денес се случува со Македонија. И во тој смисол, има можност, ВМРО-ДПМНЕ да се дистанцира од Иванов“ ,вели Шасивари .
Аболиција за ослободување од кривична одговорност за прв пат потпиша претседателот Борис Трајковски во 2003 за тогашната министерка за внатрешни Доста Димовска.
Втората аболиција се случи во 2008та кога тогашниот претседател Црвенковски го ослободи градоначалникот на Струмица и сегашен актуелен лидер на СДСМ Зоран Заев за случајот „Глобал“ .
Поранешниот претседател Бранко Црвенковски во 2008 година поради тоа што одбиваше да потпише закони што по втор пат ги изгласа Парламентот се соочуваше со можноста за отповикување, но, наместо негово делегитимирање, тогашниот премиер Никола Груевски порача дека ќе нема импичмент, бидејќи преферирал да се соочи со својот противник на избори.
ВМРО ДПМНЕ го направи Борис Трајковски претседател , а потоа се откажа од него .
Првите искри на недоразбирање меѓу Трајковски и ВМРО-ДПМНЕ избија во време на воениот конфликт во 2001 година, кога тогашниот премиер и партиски лидер Љубчо Георгиевски побара од Трајковски да прогласи воена состојба во државата незгодата беше во тоа што претседателот Трајковски не беше негиран само од партискиот врв на ВМРО-ДПМНЕ, туку речиси од целокупното членство.
Дали сега лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски ќе оди по стапките на неговиот претходник Георгиевски и јавно ќе се дистанцира од претседателот Иванов откако изрази несогласуавање од неговата длука за помилување и ќе ја поддржи иницијативата на СДСМ за импичмент!?
