ИМПИЧМЕНТ НА ИВАНОВ: Денес ќе се знае дали предлогот на СДСМ е основан или не!
Комисијата за оценување на основаноста на предлогот за покренување постапка за утврдување одговорност на претседателот Ѓорге Иванов за одлуката за аболиција на и денешната собраниска седница ќе го разгледува предлогот што е поднесен од страна на опозицијата.
На последната расправа, пратениците од власта и опозицијата ги судрија ставовите во однос на овој предлог, а денес ова ќе биде трето продолжение на Комисијата.
Комисијата денеска треба да го изготви извештајот за тоа дали предлогот на опозицијата за импичмент на претседателот на државата е основан или не е.
Потоа за одлуката ќе се расправа на пленарна собраниска седница, а за да помине предлогот за одговорност на Иванов за него треба да гласаат 82 пратеници.
Слично
