Економија, финансии, бизнис

Контакт

Имотот на „Руен“ – Кочани продаден на електронска аукција

Имотот на „Руен“ – Кочани продаден на електронска аукција
Фабриката за автомобилски делови „Руен“ од Кочани е првата компанија во стечак чиј имот се продаде на електронска аукција. На наддавањето била постигната највисока цена од 1,5 милиони евра, а продажбата ќе треба да ја одобри и Одборот на доверители. Во иднина имотот на фирмите за кои се води стечајна постапка ќе се продава само преку електронска аукција за да се постигне поголема транспарентност и побрзо затворање на стечаите, вели вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски. „Ќе се зголеми процентот на подмирување на доверителите во однос на претходниот период кога постапките траеја долго, некогаш немаше рокови до кога треба да се продаде имотот, а често пати за еден имот имаше и по 10-15 огласи за продажба со иста почетна цена“, појасни Пешевски. Предмет на продажба по електронски пат ќе може да бидат и недоградени објекти на фирми кои се во стечај, како што се објектите од станбените афери „Фиком“ и „Самарија“.
Слично

Поврзани вести