Имотот на инвестициските фондови три пати поголем од лани
Продолжува да расте имотот на инвестициските фондови во Македонија и во 2014 година. Нивната вредност достигна 1,95 милијарди денари што е речиси тројно повеќе во споредба со претходната година.
Ова го покажува извештајот на Народната банка за финансиската стабилност во текот на минатата година.
„Значењето на инвестициските фондови за финансискиот систем во Република Македонија и неговата стабилност е мало, и покрај тоа што отворените инвестициски фондови покажаа значителни стапки на пораст, особено во изминатите неколку години со отворањето на паричните (кеш) фондови. Во 2014 година, учеството на средствата на инвестициските фондови во вкупните средства на финансиските институции двојно се зголеми, но и понатаму изнесува минимални 0,4%. - се вели во извештајот.
Сепак,од Народната банка посочуваат дека друштвата кои управуваат со инвестициските фондови работат со негативен финансиски резултат.
