Економија, финансии, бизнис

Контакт

Имотите во Грција продолжуваат да поевтинуваат

Имотите во Грција продолжуваат да поевтинуваат

Пазарот на недвижности во Грција покажува подобрување на меѓународниот индекс по првиот квартал, според Global Property.

Студијата ја рангира Грција на  39-то место од 45 земји, бидејќи цените се намалени за 5,3% на годишна основа. Ваквата состојба не се должи на грчкиот раст на пазарот, туку на влошување на условите на други пазари.

Централната банка на Грција објави дека ќе биде тешко да се подобри позицијата со цените, а побарувачката се очекува да продолжи во надолна линија. Во 2015 година цените се намалија во просек за 5%, во споредба со 7,5% во 2014 година.

Од 2008 година до денес, цените се намалиле во  Атина (43,5%) и Солун (45.2%). Овие два града имаат и најголемите падови во споредба со другите големи градови (36,8% во просек) .

Најголем пад на цените на имотите е забележан во Монголија, каде пазарните цени се намалија за 10,9%, Порторико 10,85%, Русија (5,75%) и Тајван (6%).

Слично

Поврзани вести