Името на маса, ФИРОМ се менува со Горна Република Македонија?
Новата замена за ФИРОМ е името Горна Република Македонија кое ќе се користи најмалку следните 7 до 8 години колку што ќе траат преговорите за членство во ЕУ, пишува порталот НОВАТВ повикувајќи се на дипломатски извори инволвирани во преговорите.
Порталот пишува дека предлогот на медијаторот Метју Нимиц предвидува името Горна Македонија да се користи додека траат преговорите за членство, а откако ќе завршат граѓаните на Македонија на референдум ќе треба да се изјаснат по две прашања, дали се за членство во ЕУ и дали се за прифаќање на името Горна Република Македонија. Притоа позитивниот одговор на ова прашање ќе значи дека името Горна Република Македонија ќе стане уставно име штом земјата стане членка на ЕУ.
Што се однесува до прашањето за идентитот, тоа ќе се регулира во рамките на ЕУ, каде што Македонија како земја членка во иднина ќе го развива својот идентитет.Секоја земја членка официјалниот јазик во рамките на институциите на ЕУ го внесува во оригиналниот назив на официјалното писмо кое таа го користи, односно во согласност со оваа пракса, официјалниот јазик на Горна Република Македонија како членка на ЕУ треба да биде македонски. Употребата на македонски во кирилична верзија за грчката страна не претставува проблем бидејќи таквата употреба се реферира на словенското потекло на јазикот, пишува НОВАТВ.
Овој предлог на медијаторот Метју Нимиц е изработен со поддршка на администрацијата на еврокомесарот за проширување Штефан Филе, а во консултации со преговарачките страни, како и со влијателните меѓународни фактори како САД и други држави. За основите на овој предлог во септември минатата година, како што пишува порталот, веќе биле консултирани премиерот Груевски како и лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски.
Слично
