Името на Македонија ги скара Кумуцакос и Коѕиас
Остар напад доби грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас од страна на пратеникот на грчката опозициска Нова демократија Јоргос Кумуцакос
Кумуцакос кој е одговорен за надворешна политика во партијата го нападна Коѕиас .
- Дали (Коѕиас н.з.) има некаков преговарачки мандат и ако има што е тоа? Со кој кредибилитет седи на преговарачка маса? Која е неговата позиција? Оваа играчка со национални прашања е завршена, рече Кумуцакос во грчкиот Парламент додавајќи дека Нова демократија „нема да го гледа тоа“.
Прашањето со името деновиве било и тема во Њујорк. Коѕиас меѓу другогто со генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш посветиле внимание и на горливото прашање кое ја кочи Македонија на патот кон ЕУ.
Медијаторот Нимиц пак по таа средба рекол дека после изборите постои прозорец за можности за дискусија за прашањето за името, ако се напушти иредентизмот.
