Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИМАТЕ БИЗНИС: Овие земји ви плаќаат ако се преселите кај нив!

ИМАТЕ БИЗНИС: Овие земји ви плаќаат ако се преселите кај нив!

Некои земји го отежнуваат основањето на бизнис, други се борат да би привлекле нови претприемачи. Некои земји нудат финансиски поттикнувања за стартапи, а други ги намалуваат даноците за да би ги мотивирале претприемнците.

Чиле

Дали сте знаеле дека Чиле ќе ви плати 50 000 долари ако својот бизнис го префлите кај нив? Секако, потенцијалот на вашиот бизнис би требало да биде од светски размери. Во првите 6 месеци би требало да живеете во Чиле. Бенефитите од стартап програмата се спроведени на аглиски јазик иако се наоѓа на шпанско говорно подрачје.

Оваа шема почнала да функционира во 2010 година и понатаму покажува одлични резултати. Статистиката говори сама за себе. Дури 45% од бизнисите започнати во овој систем и понатаму добро функционираат. Покрај парите, добивате и едногодишна работна виза со која можете да почнете работа.

cile

Данска

Данска е една од земјите кои имаат најпријателски однос кон претприемачите. Исто така, ви дава пристап до пазарот. Еден од најперспективните делови на ЕУ, системот на бизнис во Данска ќе ви даде двегодишна работна виза и шанса да се преселите во оваа земја. Не постои директна финансиска поддршка за стартап, но, како покренувачи на бизнис може да добиете пристап до здравствениот систем, што е реткост за имигранти. Земете во обзир дека Данска е со најдарежлив систем на светот и дека ваквата шема на бизнис вреди илјади долари за вас.

danska (1)

Ирска

„Enterprise Ireland“ е шема на бизнис која за цел има да привлече претприемачи од цел свет. Ако верувате дека имате стартап кој има огромен потенцијал за раст, може да поднесете барање за финансирање на проектот „Enterprise Ireland“ пишува сајтот Inc.com. Ако прифатите ќе добиете финансии и шанса да живеете и работите во Ирска.

Ирска е позната по својот релативно висок животен стандард и ниски даноци за стартапи.

irska-crkva

Маурициус

Маурициус е една од „експерименталните земји“ на оваа листа која ја составил сајтот  Inc.com, бидејќи е интернационална шема на бизнис уште во почетен стадиум на раст. Финансиското поттикување е солидно со обзир на ниската цена на животни трошкови во овој тропски рај во Индискиот океан.

За секоја од овие земји посебен тим на луѓе ја проценува вашата бизнис идеја и тоа по различни категории, креативност, технологија, бизнис модел, финансии и иновации.

Слично

Поврзани вести