Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИМАШЕ РИЗИК ЗА НАРУШУВАЊЕ НА ЈАВНИОТ РЕД И МИР: Српскaта полиција го прекина фестивалот „Мирдита, добар дан“

ИМАШЕ РИЗИК ЗА НАРУШУВАЊЕ НА ЈАВНИОТ РЕД И МИР:  Српскaта полиција го прекина фестивалот „Мирдита, добар дан“

Српскaта полиција го прекина фестивалот „Мирдита, добар дан“ поради опасност од загрозување на безбедноста на луѓето. 

Полицијата издаде наредба за прекин на јавниот собир „Мирдита, добар дан“ во Белград, потврди вицепремиерот на Владата на Србија и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ, јави дописникот на МИА од Белград. Имало опасност за нарушување на јавниот ред и мир од поголеми размери. 

Тој додаде дека нема да бидат дозволени други собири на тој простор и дека за оваа наредба се информирани организаторите на средбата.

Пред Дорчол плац, каде што вечерва почнува фестивалот „Мирдита, добар дан“ кој треба да трае до сабота, се собраа педесетина млади луѓе кои го спречуваат влезот во овој простор веејќи српски знамиња, кои според медиумите се припадници на опозициската Нов ДСС. Полицијата со своите автомобили ја блокираше пристапната улица, во близина е уште една полициска патрола.

Основачот на невладината организација Фонд за хуманитарно право Наташа Кандиќ денеска оцени дека Србија и нејзините институции со забраната на фестивалот „Мирдита, добар дан“ се „поистоветиле со хулиганите и најмрачниот етнонационалистички мрак“.

Невладината Црта на Икс оцени дека од 2014 година државата „не покажала толку непријателство кон фестивалот“.

Фото: Илустрација/МВР Србија

Слично

Поврзани вести