Економија, финансии, бизнис

Контакт

Имаме ли „скриена“ невработеност во ЕУ?

Имаме ли „скриена“ невработеност во ЕУ?

Според најновите податоци на Евростат, покрај 13,3 милиони официјално невработени лица во Eвропската Унија(ЕУ), уште 13,5 милиони луѓе се сметаат за „скриено невработени“, што го крева вкупниот број на 26,8 милиони лица без соодветна работа во второто тримесечје од 2025 година.

Вишок на работна сила, ги опфаќа луѓето што се достапни за работа, но не бараат активно, оние кои работат со скратено време и би сакале повеќе часови, како и оние кои бараат работа, но не се веднаш достапни.

Во ЕУ, вкупниот вишок на работна сила во второто тримесечје од 2025 изнесувал 11,7 отсто:

  • 5,8 отсто невработеност,
  • 2,6 отсто луѓе достапни за работа, но неактивни во барање,
  • 2,4 отсто делумно вработени со скратено работно време,
  • 0,9 отсто лица што бараат работа, но не се веднаш достапни.
foto freepik.com

Слично

Поврзани вести