Економија, финансии, бизнис

Контакт

Имаме ли работа за младите да не се иселуваат?

Имаме ли работа за младите да не се иселуваат?
За само една година се отворени 20.000 работни места на ниво на држава и невработеноста е намалена за 3%, изјави премиерот Ѐмил Димитриев. Македонија сега го има рекордно ниското ниво на невработеност од 24.6%. Подобрена е комуникацијата на АВРМ со компаниите кои бараат работна сила. Во иднина Владата ќе го стимулира практиканството, а работодавците ќе имаат увид каков кадар имаат на располагање. „Намалувањето на невработеноста е резултат на повеќе реализирани мерки и политики на Владата. Повеќе институции беа вклучени во оваа активност, но најзаслужна е Агенцијата за вработување“-изјави Димитриев. Премиерот вели дека ќе има дополнителен пад на невработеноста затоа што се најавени нови инвестиции, а ќе се зголеми и обемот на работа на постојните компании. На оваа тема, Светска банка Македонија ја рангира заедно со БИХ и според податоци од Светска банка, невработеноста изнесува 27.9%. Други податоци кои неодамна беа објавени во врска со невработеноста, покажуваат дека 48% од невработените се млади на возраст од 14 до 25 години и се смета дека немањето работа ги принудува младите да се иселат од државата.
Слично

Поврзани вести