Економија, финансии, бизнис

Контакт

Имаме 6,8 милијарди евра на сметки во банка: Штедењето имуно на криза

Имаме 6,8 милијарди евра на сметки во банка: Штедењето имуно на криза

Над 6,8 милијарди евра чуваат граѓаните и фирмите во банките. Толкави се вкупните депозити во земјава. Не се намалија ниту во криза. Се одбележува светскиот ден на штедењето - во Македонија традиционално се штеди во банка, најмногу поради довербата во банкарскиот сектор. Другите, алтернативни начини на заштеда се помалку застапени.

Народната банка соопшти дека вкупните депозити , во септември, се повисоки за 0,7 проценти, на месечна основа, што во поголем дел е одраз на зголемувањето на депозитите на секторот „домаќинства“, при умерен раст и на депозитите на корпоративниот сектор. Споредено на годишна основа, вкупните депозити забележаа пораст од 6,1 отсто, при раст на депозитите кај двата сектора, којшто е поизразен кај секторот „домаќинства“. 

Вкупните депозити на домаќинствата, во септември, се зголемени за 1 процент на месечно ниво, а на годишно ниво, депозитите на домаќинствата растат за 6,1 проценти. Во банките домаќинствата чуваат 4,5 милијарди евра.

Слично

Поврзани вести