ИМАЛО СУДИР МЕЃУ МИГРАНТИ: Се случи убиство кај Обреновац
Уапсен е осомничениот за убиството кај српскиот град Обреновац, по судир меѓу мигранти.
Едно лице загина, а друго е тешко повредено во пресметка за која истражителите се сомневаат дека е поврзана со организирани мрежи за криумчарење мигранти кон Европската Унија.
По инцидентот, српското Министерство за внатрешни работи ја спроведе полициската акција „Вихор 3“, во рамки на која беа извршени претреси и засилени контроли на терен.
Според информациите од истрагата, уапсениот се товари за учество во вооружениот напад, а случајот го води Вишото јавно обвинителство во Белград. Полицијата продолжува со потрагата по други лица кои би можеле да бидат поврзани со судирот.
Безбедносните служби претходно предупредуваа дека долж миграциските рути низ Балканот сè почесто има судири меѓу организирани криумчарски групи кои се борат за контрола врз транспортот на мигранти.
Инцидентот повторно ја отвори дебатата за безбедносните ризици поврзани со нелегалната миграција и дејствувањето на криминални мрежи во регионот.
foto RINA
