Имало и второ заканувачко писмо за Коѕиас во кое се споменува и војската?
Министерот за цивилната заштита на Грција, Никос Тоскас откри за второ заканувачко писмо до министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕиас, пратено до уште четири грчки министри, за време на интервју за локалната телевизија ЕРТ денеска.
Писмото е напишано на машина за пишување и во него има навредливи квалификации против политичкиот систем, откако на крајот има предупредување дека „војската ќе влезе во парламентот“, пишува грчкото електронско издание „Protothema“.
Во последните неколку дена премиерот и министрите во Грција добиваат писма во врска со нивната позиција по „македонското прашање“, пишуваат од изданието, откако го поврзуваат тоа со претстојниот во недела протест на атинскиот плоштад Синтагма.
Коѕиас прво доби заканувачко писмо во кое пишува дека испраќачите подготвиле „три куршуми“ за него и неговото семејство. Почната е истрага за инцидентот.
