Имало и подолу – Македонија на 123-то место по медиумски слободи!
На 123-тото место по слобода на изразување, Македонија е на дното во Европа, според најновиот Индекс за слобода на печатот за 2014-та што го објави невладината организација Репортери без граници.
Ова е пад од дополнителни седум места за земјава која минатата година беше рангирана на 116-тото место.
„Иако оваа земја спроведува реформи кои треба да ја доближат до членство во ЕУ, демократското „уредување на излогот“ од последните неколку години не е доволно да ги покрие многубројните прекршувања на слободата на информирање. Новинарот Томислав Кежаровски стана симбол на овие прекршувања. Откако беше осуден на 4,5 години затвор во октомври 2013-та за откривање на името на заштитен сведок во случај со убиство, неговата затворска казна под меѓународен притисок стана куќен притвор. Но уште еден македонски новинар Зоран Божиновски беше уапсен во Србија по потерница од Интерпол за шпионирање уште следниот ден. Познат како „македонскиот Џулијан Асанж“, Божиновски спроведуваше опсежно истражувачко новинарство за Сашо Мијалков, шефот на македонска безбедност и контраразузнавање и роднина на премиерот Никола Груевски“, пишуваат „Репортери без граници за Македонија.
Забележително е што во изминатите извештаи оваа невладина организација ја рангираше земјава како „Република Македонија“, а на овогодинешниот извештај е рангирана како “Поранешна Југословенска Република Македонија“.
Црна Гора, на 114-тото место е најблиску од регионот до Македонија. На оваа земја и се забележува за нерасветлени убиства на новинари и напади со бомби врз медиумски организации.
Турција е полошо рангирана, на 154-тото место.
Бугарија е најниско рангирана земја-членка на ЕУ, на 100 место, иако и се доближува и Грција на 99-тото. На Софија и се забележува за нападите врз новинари на ланските протести во кои се бараше оставка од бугарската Влада, а се наведуваат и бројните случаи на палење на автомобили на репортери.
За Грција, како негативни чекори кои предизвикале удар врз медиумските слопбоди, се наведува затворањето на државната телевизија ЕРТ, како и нападите што врз новинари ги изведуваат припадниците на ултрадесничарската „Златна зора“.
Сепак и овие две земји се далеку на листата пред Македонија.
Албанија е на 85-тото место по слобода на изразување, Косово на 80-то, Босна и Херцеговина на 66-то, Хрватска на 65-то, Србија на 54-то. Најдобро оценети се Сл.овенија на 34-тото место и Кипар – на 25-то.
Вкупно 180 земји се рангирани според Индексот за слобода на печатот. На самото дно според медиумските слободи се Еритреја, Северна Кореја и Туркменистан. На врвот на листата, пак, земји каде што се уживаат најголемите медиумски слободи се: Финска, Холандија и Норвешка.

Слично