Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИМААТ СО ШТО ДА СЕ ПОФАЛАТ: Нивниот раст е највисок во еврозоната

ИМААТ СО ШТО ДА СЕ ПОФАЛАТ: Нивниот раст е највисок во еврозоната

Земја од Западна Европа ќе оствари највисок раст во еврозоната. 

Шпанија веројатно ќе биде меѓу економиите на еврозоната со најсилен раст. Но, и покрај овој показател се очекува нејзиниот раст да забави во второто тромесечје, вели економистот во консултантската фирма Capital Economics, Стефан Браун.

Во првото тромесечје во 2017 година,  шпанското стопанство пораснало за 0,8%  во однос на претходното тромесечје, покажа неодамна објавениот детален извештај од шпанскиот статистички завод INE.

На годишно ниво шпанскиот БДП според тој извештај скокнал за 3%. 

За споредба, растот на економијата на 19-те членки од еврозоната во првиот квартал изнесуваше 0,5% на квартално ниво и 1,75%  на годишно ниво. Ова го покажа проценката на Евростат, објавена на 16 мај годинава. 

За потсетување, во 2015 година аналитичарите оценија дека економијата на Шпанија „воскреснува“ по кризата од 2008 година. 

Слично

Поврзани вести