Имаат само 19 години и веќе поседуваат своја куќа - Британци објаснија како заштедиле
Имаат само 19 години и веќе поседуваат сопствен недвижен имот, не преку наследство или со помош на родителите. Mегс Клемент и нејзиното момче Сем Рајс неодамна го обезбедија својот прв дом, по само година и пол штедење. За куќа вредна 190.000 фунти (222.300 евра), тие издвоија вкупно 28.000 фунти (32.760 евра) во готово, од кои дури 19.000 фунти (22.230 евра) одат на депозит. Сега се во процес на претворање на куќата во вистински дом, пишува британски Сан.
Почнале да се забавуваат на 16-годишна возраст, а нивната цел била да заштедат најмалку 1.000 фунти (околу 1.170 евра) месечно по лице. Мегс, која сега има дваесет години, вели дека откако ги положила возачките тестови, „Мекдоналдс“ и „КФЦ“ биле неделна навика. Сепак, тие сакаа свој простор и решија да почнат да штедат за куќа. Бидејќи излегувањето стана помалку популарно кај генерацијата Z, Мегс и Сем имаа предност да не трошат стотици фунти на забави за време на викендот.
Мегс, која работи во палијативна нега, работи 40 часа неделно, додека Сем, 19, работи како столар и пожарникар. Слични работни места носат плата до 36.483 фунти (42.685 евра) годишно, додека почетната плата на пожарникар во Девон е околу 34.501 фунта (околу 40.000 евра). Часовните стапки за столарите варираат. Благодарение на комбинацијата од нивните приходи, откажувањето од достава на храна и помошта од финансиски советник, двојката почна да бара недвижнини.
Тие беа во можност да заштедат колку што е можно повеќе бидејќи во тоа време живееја со своите родители. Денес, тие се горди сопственици на куќа со две спални соби и двор во кој можат да се сместат три автомобили.„Сепак успеавме да се забавуваме во текот на таа година и пол сериозно штедење, само со ограничен буџет“, вели Мегс.
За уредување им помогнале родителите и пријателите.
foto freepik.com
