Економија, финансии, бизнис

Контакт

Имаат повеќе пасоши од граѓани

Имаат повеќе пасоши од граѓани

За 11 години, од 2008 до 2019 година, во Црна Гора се издадени 643.479 пасоши, односно околу 20.000 повеќе од вкупниот број на жители кој официјално изнесува 620.000, објави црногорското Министерство за внатрешни работи. 

„Веројатно проблемот е во статистиката, бидејќи разликата од 20.000 е многу голема. Можеби е проблемот и со бројот на луѓе кои живеат надвор од Црна Гора, а кои имаат црногорски пасош таму каде што можат да имаат по две патни исправи. Тука мислам на црногорската дијаспора, луѓе кои не се пријавени во матичната држава, туку во таа во која живеат, работат и плаќаат данок“, вели професорот по социологија Срѓан Вукадиновиќ.

Тој додава дека проблемот може да биде и во пописот на населението, затоа што според статистичките податоци во Црна Гора има повеќе граѓани од домаќинства.

Слично

Поврзани вести