Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИМААТ МНОГУ РАБОТНИ МЕСТА: Очајно бараат работници

ИМААТ МНОГУ РАБОТНИ МЕСТА: Очајно бараат работници

Земјата која брзо се опоравува од економската криза има други проблеми. 

Фирмите во Данска се мачат да ги пополнат работните места, пишува New York Times.

Во земјата скоро сите се вработени, а повеќе од третина од компаниите на можат да најдат работници. 

Се бараат инженери, механичари, електричари, програмери и други профили. Поради немањето кадри, платите се повеќе растат. 

Стапката на невработеност е 4.3%. Ако биде уште помала ќе настапи инфлација. 

Од друга страна растот е скромен и лани економијата пораснала за 1.2%. 

Поради немањето работници, Данска дозволи и постари луѓе да работат. 

Дел од работодаците се свртеа и кон бегалците за да ги пополнат празните работни места. 

Во Данска 92.000 луѓе примаат надомест за невработеност, а стопанствениците тврдат дека многу од нив можат да работат. 

Владата настојува со разни мерки студентите и оние кои се во мирување да ги натера да работат. 

Слично

Поврзани вести