Економија, финансии, бизнис

Контакт

Имаат добри плати во однос на Западен Балкан, но ниски во однос на европските

Имаат добри плати во однос на Западен Балкан, но ниски во однос на европските

Платите во Црна Гора се меѓу највисоките во Западен Балкан, но сепак значително зад просекот на Европската Унија(ЕУ), според најновите регионални и европски статистички податоци. Според податоците на Монстат, просечната плата во Црна Гора во октомври изнесувала 1.016 евра, што ја става земјата над повеќето соседи во регионот, но останува далеку под нивото на приходи во земјите-членки на ЕУ, каде што просечната месечна нето плата надминува 3.000 евра.

Според податоците од Агенцијата за статистика на Босна и Херцеговина(БиХ), просечната плата во октомври изнесувала 820 евра.

Во Северна Македонија, според податоците од Државниот завод за статистика(ДЗС), просечната плата во септември изнесувала 725 евра.

Во третиот квартал од оваа година во Албанија, според податоците на Државниот завод за статистика, просечната бруто плата изнесувала 777 евра.

Просечната плата во Албанија се изразува во бруто износ, па затоа износот на нето платата е помал, пренесува bankar.me.

foto freepik.com

Слично

Поврзани вести