Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ИМА ЗАОСТРЕНИ ЦАРИНСКИ ПРОВЕРКИ“: Македонците во Малта со сериозно предупредување, казните одат до 46 евра

„ИМА ЗАОСТРЕНИ ЦАРИНСКИ ПРОВЕРКИ“: Македонците во Малта со сериозно предупредување, казните одат до 46 евра

Социјалните мрежи станаа место каде што освен што времето се минува во забава, се споделуваат и решаваат бројни и значајни проблеми за граѓаните.

Има голем број групи кои опфаќаат разни теми од секојдневието, а има и групи посветени на Македонците кои заради подобар живот се преселени во Шведска, Германија, Данска, Малта...

Утринава во една од таквите групи за нашите што живеат и работат во Малта, осамна предупредување за нашите кои што се пушачи а кои што се враќаат во земјата каде што живеат и работат.

„Има заострени царински проверки на аеродромот во Малта. Ако патувате а носите две штеки цигари ќе си платите казна од 46 евра. Максимум што е дозволено е една штека“, се вели во постот во групата.


Слично

Поврзани вести