ИМА СОМНЕЖИ ДЕКА СЕ ПОДМЕТНАТИ: Пожари и во Србија, две села се загрозени
И кај северниот сосед има пожари за кои постојат сомнежи дека се подметнати. Пожарникарите веќе два дена водат голема битка да ги стават под контрола шумските пожари на југоистокот на Србија, јави Би-Би-Си на српски јазик.
Огнот зафатил неколку стотини хектари во тој регион, јавува Радио-телевизија Србија (РТС).
„Најголемите пожари во моментот се на подножјето на врвот Видлич на Стара Планина, во општините Димитровград и Пирот, на границата со Бугарија“, информира Министерството за внатрешни работи на Србија.
„Во овој регион се загрозени две села, Одоровци и Гуленци, но ќе ги насочиме сите сили да ги заштитиме жителите“, изјави Чаушиќ.
Постои сомневање дека подметнат е и пожарот во регионот на Сува Планина. Србите и ова лето помагаа за гаснење на пожари во Македонија. Летово во Црна Гора, Хрватска, Грција, Турција имаше пожари.
Слично
