Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИМА СМЕНА НА СРПСКИ КАДРИ НА КОСОВО: Вучиќ вели дека Курти е тој кој сака да го урне мирот

ИМА СМЕНА НА СРПСКИ КАДРИ НА КОСОВО: Вучиќ вели дека Курти е тој кој сака да го урне мирот

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека косовскиот премиер Аљбин Курти решил да ги нападне Србите.

Српскиот претседател додаде дека Курти го прегазил Бриселскиот договор и по негова волја и на оние кои го штитат, Бриселскиот договор повеќе не постои.

„По налог на Аљбин Курти, сменета е денес од косовските институции српската судијка Љиљана Стевановиќ, за наутро е спремна смена на сите српски командири, сите српски полицајци кои беа на седницата на Советот за национална безбедност во Белград. Аљбин Курти реши да ги нападне Србите“, кажа Вучиќ.

Вели дека Курти е тој кој сака да го урне мирот на Косово, тој е тој кој со своите одлуки сака да го нападне српскиот народ секаде каде што живее, и на југот и на северот на Косово. 

„Србија сака да го зачува мирот и поради тоа ја предупредуваме целата меѓународна заедница. Мојата последна порака е: Што и да правите, Србија ќе биде со својот народ“, кажа Вучиќ.

Денеска се одбележуваат 23 години од НАТО бомбардирањето на Југославија, кое започна на 24 март 1999 година и траеше 78 дена. Последниот конфликт во Европа во 20 век доаѓа по децениски акумулирани тензии, а настаните што следеа не можеа да одговорат на прашањата што се појавија пред Белград и Приштина.

фото Принтскрин

Слично

Поврзани вести