Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИМА РИЗИК ИНДИСКИОТ СОЈ ДА ПРЕЖИВЕЕ МЕЃУ МЛАДИТЕ: Кон предупредува на посериозна состојба на есен

ИМА РИЗИК ИНДИСКИОТ СОЈ ДА ПРЕЖИВЕЕ МЕЃУ МЛАДИТЕ: Кон предупредува на посериозна состојба на есен

Епидемиологот и член на српскиот Кризен штаб, Предраг Кон, изјави дека е задоволен што Србија е близу до 50% од вакцинираната возрасна популација со најмалку една доза, но исто така, како што рече, е загрижен дека одѕивот на младите за вакцинација се уште е мал.

„Ме радува падот на бројот на корона позитивни, падот на бројот на новоинфицирани, како и  фактот дека денеска веројатно ќе надминеме 50 проценти од вакцинираната возрасна популација. Но, мора многу посериозно да пристапиме кон вакцинацијата на млади луѓе многу посериозно. Ова ни претставува проблем и затоа посебно мора да ја следиме состојбата во Велика Британија, изјави Кон за Курир.рс

Тој посочи дека посебен проблем е индискиот сој, односно делта варијантата на корона вирусот.

-Постои ризик ризик делта варијантата да преживее меѓу младите и да бидеме во сериозна ситуација на есен, рече Кон.


Слично

Поврзани вести