Економија, финансии, бизнис

Контакт

Има раст на платите во компаниите во ТИРЗ, во 2025 уплаќаат повеќе средства и во буџетот, вели директорот на ТИРЗ - Димовски

Има раст на платите во компаниите во ТИРЗ, во 2025 уплаќаат повеќе средства и во буџетот, вели директорот на ТИРЗ - Димовски

Компаниите кои работат во технолошко-индустриските развојни зони бележат позитивни резултати, како во однос на уплатите во буџетот, така и во делот на растот на платите, истакна директорот на Дирекцијата за ТИРЗ, Гоце Димовски, во гостување во Бизнис 21 на ТВ21.

  • -Во 2024 година компаниите од ТИРЗ уплатиле 5,7 милијарди денари во буџетот, при што вкупната државна помош изнесувала околу 2 милијарди денари. Во 2025 година, уплатите надминаа 6,3 милијарди денари, додека државната поддршка изнесува околу 1 милијарда денари – изјави Димовски.

Тој нагласи дека засега нема најави за повлекување на компании од зоните, но посочи дека во одредени случаи се случува дел од фирмите да ја вратат добиената државна помош доколку не ги исполнат обврските.

  • -Нема индикации за заминување на компании, но има ситуации кога се враќа државната помош ако не се исполнат условите – рече Димовски.

Во однос на платите, директорот истакна дека трендот е растечки.

  • -Ако ја споредиме 2025 со 2024 година, има раст од околу 6 проценти на нето платите. Бројот на вработени е стабилен, околу 18.000, а очекуваме во 2026 година дополнително зголемување – додаде тој.

Според најавите, позитивните трендови во зоните треба да продолжат и во наредниот период, со потенцијал за нови инвестиции и отворање работни места.


Слично

Поврзани вести